Македонија
3. August 2024 - 11:36

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Стражa, сообраќајот целосно во прекин

Поради тешка сообраќајна несреќа во целосен прекин е патот Гостивар-Стража, пренесува ТВ21.

Според првичните информации, три автомобили се судриле и поради тоа патот е целосно блокиран.

На лице место присутна е полицијата, пожарна и брза помош.Во моментов нема информации каква е здравствената состојба на патниците кои се наоѓале во автомобилите.

Формирана е километарска колона поради несреќата.