-->
-->
Средба на Макрадули со јапонската амбасадорка Ханеда
-->
- Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска, имаше средба со амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда.
Како што соопшти МЖСПП, на средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави во областа на животна средина, која покажа одлични резултати, како и за можностите за размена на позитивни искуства и координирање на заедничките активности меѓу двете држави.
- Исто така, Макрадули и Ханеда развија дискусија околу активностите за ратификација на Минамата Конвенцијата за жива, чии потписнички се Р. Македонија и Јапонија, при што за Македонија се приоритетни поддршката, знаењето и искуството кои Јапонија сака да ги сподели со нашата држава, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот