Македонија
2. July 2024 - 12:20

Забрана за градба во центарот на Охрид

На сила забраната за изведување градежни активности во центарот на Охрид .Согласно одлуките на локалната власт во Охрид од 1 јули па се до 31 август не смее да се гради.

- Забраната се однесува на просторот јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките локалитети од каналот Студенчишта до Свети Наум“, информираат од Општина Охрид.

Граѓанските активисти пак бараат инспекторите во екот на сезоната да бидат на терен бидејќи дивоградбите се зголемуваат особено на брегот на езерото

Според податоците на Државниот завод за статистика ,во Охрид во 2023 година биле бесправно изградени 38 објекти, од кои 7 објекти за домување, 8 доградби, надградби и слични адаптации, огради, гаража тераса, и  настрешници, додека во Струга бесправно биле изградени 49 објекти.