-->
-->
Србија ја совлада Грција и ја продолжува одбраната на олимписката титула во ватерполо
-->
Актуелните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, се пласираа во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако попладнево во драматично четвртфинале ја совладаа Грција со 12-11 (3-3, 3-2, 2-4, 4-2).
Беше тоа израмнет дуел во кој ниту една репрезентација немаше повеќе од гол предност, дури 11 пати резултатот беше израмнет, а победникот го одлучи голот на Никола Јакшиќ на 1,2 секунди пред крајот.
Србија во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Австралија и САД.
Претходно денеска Хрватска се пласираше во полуфиналето со победата од 10-8 против Шпанија, а противник ќе ѝ биде Италија или Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија