Бизнис
11. January 2025 - 16:23

Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец

Газдите кубурат со кадар, работниците не сакаат да работат за минималец. Според податоците на Агенцијата за вработување, во моментов невработени се околу 100 илјади лица, иако  работодавачите бараат скоро 10 илјади работници.

Три сектори се најзагрозени – преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата. Но, платите кои им се нудат се ниски.

- За таа плата ни во идниот период нема да најдат кадар. Сега и во гардежништвото работници. Земат над 600 евра нето плата, за металопреработиувачката индустрија пак, да не говорам. Ние сакаме за 300 – 350 евра палат некој да ни работи. Тоа е она што ги натера младите да си заминат и ако најитно не се зголемат платите, не може да се очекува дека оваа бројка ќе се пополни, вели Иван Пешевски, член на УО на Агенција за вработување  

Во недостиг на домашна работна сила, спасот се бара во увезена. Сепак, работниците од Непал и Индија тешко можат да се задржат, затоа што на нашата земја гледаат како отскочна даска за влез во Унијата. Во моменот издадени се само 5,000 работни дозволи за странци, а согласно законот, дозволени се 20,000 

- Ние не треба да се тешиме дека работниите од Третиот свет ќе ни ја подигнат економијата и БДП. Спасот треба да се бара во домашната работна сила, изминатиов период се виде дека ни тие увезени работници не сакаат да работат за ниски плати кај нас и гледаат сама како транзит земја за влез во Европа, додава Пешевски.

Според последните податоци над 170,000 работници изминативе 5 години ја напуштиле Македонија, барајќи подобра егизстенција во странство. Се додека на доктор по медицина или стоматолог му се нуди плата од 22 до 23,000 денари, огласите ќе бидат празни, а трендот на иселување ќе продложи, вели Пешевски.