Срамно: Двајца началници од СВР Куманово со фалсификати станаа „професори“
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Н. (45) од Куманово, началник на Одделение за криминалистичко разузнавачка анализа при СВР Куманово, против Т.П. (40) од Куманово, началник на Отсек за прикриени човечки извори на информации при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и продолжено кривично дело „злоупотреба на службена
положба и овластување“ и З.К. (50) од Скопје, референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“ во
врска со продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Првопријавената и второпријавениот во текот на 2005 година стапиле во контакт со второпријавениот, бидејќи претходно имале завршено виша школа во Косово, и го поттикнале второпријавениот да ги запише на Педагошкиот
факултет во Скопје и да им обезбеди уверение за завршен факултет.
Третопријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во документацијата на Педагошкиот факултет и тоа во матичната книга на запишани студенти и во главната книга на дипломирани студенти незаконски
оформил предмет со што им овозможил да се стекнат со уверение. Со ова, на В.Н. на 02.09.2005 година и изготвил уверение за завршен VII-1 степен со што се здобила со стручен назив-дипломиран професор, додека на Т.П. на
29.12.2006 година му изготвил уверение за завршен VII-1 степен со што се здобил со стручен назив-дипломиран професор.
По ова, првопријавената и второпријавениот ваквите уверенија ги употребиле во правниот сообраќај како вистинити во Одделението за заеднички работи при СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Мали шанси за тет-а-тет средба Мицкоски-Мицотакис, официјална Атина сепак ќе се „жали“ за Преспанскиот договор
-
Почнува Самитот на НАТО во Вашингтон, Украина високо на агендата
-
Нова инвестиција: Вабтек го шири производството - 100 нови вработувања
-
Никој не се чувствува виновен за проневерата од 5 милиони евра за спортските ваучери
-
Затворски казни за обвинетите во „Синџир“ кои затајувале данок
-
Хаос пред ЈСП: Директорот и синдикатите се караа кој е виновен што автобус вчера удри во жардиниера
-
МОН го запре конкурсот за издавање учебници, отвори повик за сугестии за нови наставни програми