Македонија
9. July 2024 - 17:11

Затворски казни за обвинетите во „Синџир“ кои затајувале данок

Затворски казни за 5 обвинети кои денеска признаа вина во случајот Синџир, само еден обвинет доби условна казна.

Откако синоќа во Кривичниот суд признаа вина, денеска дојдоа да си ги слушнат казните. Обвинети се за злостпрничко здружување, перење пари и даночно затајување. Претходните шестмина обвинети кои се спогодија со обвинителството добија условни казни а во државниот буџет вратија околу 1 милион евра.

Иако судијката најави дека со новите признанија ќе се води по казните изречени во спогодбите, денеска првообвинетиот во предметот Динцир, Сашо Вучков доби 2ипол години казна затвор и 2.000 евра казна, неговиот татко две години затвор и 1.000 евра казна, Велика Вучкова мајка на првппбвоинетиот 1,11 месеци затвор и 1.000 евра казна.

Другите двајца обвинети кои признаа вина добија по две години затвор и по 1.000 казна. само еден од оние кои призна вина доби условна казна зошто веќе почнал да го отплаќа долгот.

Судот на тројца од обвинетите им го продолжи притворот, двајца ќе бидат во куќен притвор, а еден обвинет со мерки на претпазливост.

За шест фирми чии застапници, исто така, вчера признаа вина судот изрече парични казни, но и забрани за учество во јавни повици и концесии.

Случајот Синџир во кој обвинети беа над триесетина физички и правни лица се однесува на даночно затајување од околу 8 милиони евра. 30 сопственици на фирми развиле мрежа и заеднички правеле лажни фактури со поголем данок и ваделе кеш од банките. Најголемиот дел од фирмите се од Неготино, Охрид, Демир Капија, Битола.

 За останатите 11 обвинети кои не признаа вина постапката продолжува.