Македонија
9. July 2024 - 12:26

Јавните компании пред колапс

4400 вработени во пошта, Македонски железници транспорт и железници инфраструктура можно е да не земат плата до крајот на годината оти досегашните раководства предвидените средства за работа наместо за 12 ги потрошиле за шест месеци. Ова го соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николвски кој информираше дека финансиската состојба во неговиот ресор е катастрофална. Но и покрај финансиската дупка Николовски уверува дека нема да дозволи овие лица и нивните семејства да останат без приходи.

Освен во трите јавни претпријатија ништо подобра не била состојбата и кога станува збор за изградбата на автопатиштата. Вели таму имало целосни промашувања и затоа го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи. Иста била ситуацијата и со железницата за каде исто така очекува реакција од МВР.

И покрај проблемите Николовски најавува нови проекти. Вели ќе се работи паралелно бидејќи граѓаните очекувале решенија, но морало да има и нови проекти.