СПМ: Поддршка за протестите базирани на социјална основа и на правата на загрозените граѓани
Социјалистичката партија на Македонија ги осудува власта и министрите кои ги одбиваат барањата на граѓаните за решавање на прашањата и проблемите.
Пензионерите, работниците, земјоделците, студентите, жртвите од онкологија и многу други граѓани силно протестираат пред владата која не ги слуша и не ги почитува.
Секојдневните протести од незадоволството секојдневно ескалираат секојдневно како израз на револт и разочараност од власта.
Владата на неспособниот Ковачевски ги потценува граѓаните и го гуши системот и демократијата.
Наместо да се ангажираат и да ги решаваат проблемите премиерот, претседателот на државата и министрите шетаат околу светот без никакви резултати.
Однародената власт која ужива во коруптивните зделки и се богати од провизиите од тендерите несака и нема да ги слуша граѓаните, одлагајќи ги решенијата за плати, за пензии, за права кои им следуваат на граѓаните.
Преку иницијативи од маргинални политички субјекти се пренасочува вниманието на граѓаните од суштинските проблеми.
Затоа е потребно овој народен револт да се обликува во директна форма на притисок и преку избори да се смени оваа неспособна и корумпирана власт.
Социјалистичката партија на Македонија ги поддржува протестите базирани на социјална основа и на правата на загрозените граѓани кои упорно реагираат на неправдите кон нив, за платите и пензиите и сите одземени права.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника