Македонија
23. March 2022 - 10:30

Сообраќајот на автопатот Е-75 кај клучката Градско пренасочен по една лента

 Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента, информираат од АМСМ.

Пренасочувањето на сообраќајот почнувајќи од денес 23.03.2022 од 14:00ч. ќе трае во следните 3(три) дена.