Џет-Сет
6. July 2017 - 13:06

Соња е скршена: Го изгуби својот сопруг, но и љубовник

Соња Вуксановиќ, сега веќе поранешната сопруга на пејачот Аца Лукас, сега преживува вистинска драма, со оглед на тоа дека за неколку денови доживеа серија скандали.
 
Веста дека Аца и Соња се разведуваат се рашири со голема брзина, па медиумите, јавноста и колегите не престануваа да зборуваат за тоа.
 
Следуваше развод, со обвинувања од Лукас дека неговата долгогодишна придружничка го изневерила, но Соња за тоа молчеше.
 
Сепак, и покрај тоа што секогаш е насмеана, Соња многу тешко ја поднела веста за новата романса на пејачот, пишува српски „Ало“.
 
На Соња и е многу тешко. Не очекуваше дека за толку кратко време Аца ќе најде замена, па дури ќе се појави и во јавноста. Притоа, Јариќ демантираше дека имал нешто со Соња и замина со поранешната сопруга Адријана Лима на море. Тоа навистина ја „скрши“!, - изјавил близок пријател.