Сончево со мала локална облачност и релативно топло, по котлините утринска магла
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со релативно високи дневни температури за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо, што ќе услови пониски дневни температури.
Ново на Сител
-
Осуммина убиени со напад со нож во Кина
-
Русија вели дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала
-
Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико
-
Честитка од Љупчо Димовски, претседател на СПМ по повод 24 мај
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Најмалку 14 загинати во пожар во Ханој