Свет
24. May 2024 - 9:34

Осуммина убиени со напад со нож во Кина

Осум лица загинаа, а едно лице е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите.

Напаѓачот, 53-годишен маж за кој се вели дека има ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во градот Ксиаоган, јави Синхуа.  Повредениот не е во животна опасност.