Македонија
23. May 2024 - 10:51

Милошоски: Нова Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до 20 јуни

Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, напиша на социјалната мрежа Х, Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој по вчерашното прегласување, на социјалната мрежа го објави официјалниот распоред во македонското собрание.

„Избори во Македонија,120 пратенички места: коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места“, напиша Милошоски.