Македонија
15. March 2025 - 8:03

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 29 степени.

УХМР најави дека во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме.

Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.