Македонија
14. March 2025 - 18:18

Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО

Министерството за внатрешни работи објави видео од одземеното возило во Кавадарци поради создавање бучава.

Во Кавадарци синоќа во 22.40 часот полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.

МВР денеска соопшти дека од страна на полициските службеници возилото е одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

- На 14.03.2025 во Станица за технички преглед во Кавадарци извршено е мерење на бучава и утврдена е бучава над дозволената. Согласно член 344 став 3 од ЗБСП, возилото „бмв“ е привремено одземено на период од 90 дена, соопштија од МВР.