Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
На КАРИЛ почина мотоциклист поради тешките повреди здобиени во сообраќајката која вчеравечер се случи во Влае. Од сликите и снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека моторот е преполовен а неколку часа патниот правен бил затворен од полицијата.
Во несреќата се судриле два автомобили – фиат панда и пежо и мотоцикл сузуки. Возачот на моторот со Брза Помош веднаш бил префрлен во ГОБ 8-ми септември каде го згрижиле и интубирале, но поради сериозноста на повредите го транспортирале на скопските клиники.
-Некаде во 21.45 минути на хируршката клиника е донесен пациент со политраума, тешка неуротраума и траума на градниот кош и десната бутна коска, и веднаш се направени соодветни дијагностички процедури. Се продолжува со механичка вентилација, хемодинамиски пациентот бил нестабилен, започната е реанимација по сите протоколи, но пациентот не успеал да преживее и им подлегнал на повредите негде меѓу 23 и 20 часот, вели проф. д-р Андријан Карталов, раководител на КАРИЛ.
Во несреќата повреден бил и 24 годишниот возач со фиат панда кој бил од село Буковиќ. Нему му била укажана лекарска помош во хируршката клиника Свети Наум Охридски, каде во еден часот по полноќ бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, како што информираат од МВР, ќе биде поднесена пријава по итна постапка. Увид на местото на несреќата извршил и надлежен обвинител, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар