-->
-->
Софискиот аеродром ќе оди под концесија
-->
Бугарската Влада донесе одлука за давање под концесија на аеродромот во Софија, соопшти денеска министерот за транспорт, информатички технологии и информации на Бугарија, Ивајло Московски.
Како што јави БТА, Московски не соопшти повеќе детали за условите за концесијата, најавувајќи дека сите информации и детали ќе бидат објавени за десетина дена во Службениот весник на ЕУ.
Тој нагласи дека Бугарија од давањето на софискиот аеродром под концесија очекува приход од околу 1,2 милијарди лева (600 милиони евра).
- Концесијата ќе биде на период од 35 години, а тендерот за пријавување ќе биде отворен до крајот на септември 2016 година. Потенцијални концесионери се сите европски, но и други оператори на аеродорми, изјави Московски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот