Социјалните мрежи „убиваат луѓе“ со дезинформации за вакцините, обвинува Бајден
Големите оператори на социјалните мрежи што шират дезинформации за вакцините „убиваат луѓе“, обвини американскиот претседател Џо Бајден.
– Тие убиваат луѓе. Единствената пандемија што ја имаме ги погодува луѓето кои не биле вакцинирани. Тие убиваат луѓе, наведе американскиот претседател.
Белата куќа оваа недела значително го заостри тонот кон големите технолошки компании и ги замоли да се борат повеќе против лажните информации за вакцините.
САД работат на повторно започнување на вакцинацијата, особено поради многу брзото ширење на варијантата Делта. Во четвртокот, портпаролот на администрацијата на Бајден, Џен Псаки, специјално се обрати на социјалната мрежа Фејсбук.
„Има околу 12 лица на социјалните мрежи кои создаваат 65 проценти од дезинформациите против вакцините. Сите тие се активни на Фејсбук, додека некои се протерани од други платформи”, рече таа.
Белата куќа се уште не прецизира за кои 12 лица станува збор или како дошле до тие информации.
Мрежата на Марк Закерберг одговори на овие изјави во четвртокот и бранеше дека веќе има повлечено „повеќе од 18 милиони дезинформации за Ковид-19 и сподели повеќе од 2 милијарди безбедни информации за Ковид-19 и вакцини“.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска
-
МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
-
45-годишен скопјанец физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште
-
Приведени двајца скопјани, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди