-->
-->
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди
-->
На 04.04.2025 во 22.45 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека во Струга, на магистралниот пат А-2, пред Полициската станица за граничен надзор Франгово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(42), и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(30), двајцата од с.Франгово, струшко.
Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од патничкото возило „фолксваген голф“ А.Д.(44) од с.Франгово, струшко, констатирани во Медицинскиот центар-Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница