Началниците на генералштабовите на Франција и Британија се сретнаа со Зеленски во Киев
Началниците на Генералштабот на вооружените сили на Франција и на Велика Британија, генерал Тиери Буркхарт и адмиралот Ентони Радакин, во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и военото раководство на Украина на разговори за можното распоредување на европските мировни сили во Украина по завршувањето на конфликтот.
Ова го соопшти Буркхарт на платформата „X“, наведувајќи дека се сретнал и со министерот за одбрана Рустем Умеров и со врховниот командант на вооружените сили Александар Сирски.
Буркхарт истакна дека целта на состанокот е „да се утврди долгорочна стратегија за реконструкција и трансформација на моделот на (украинската) армија“, што е главната гаранција за безбедноста на земјата.
Тој нагласи дека се разгледуваат опции за спроведување меѓународни безбедносни гаранции за Украина.
- Заедно се стремиме да гарантираме стабилен и траен мир во Украина – неопходен услов за безбедноста на европскиот континент, рече Буркхарт.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Павло Палиша изјави дека 10 до 12 земји се подготвени да се приклучат на „коалицијата на подготвените“ во некоја форма, пренесоа украинските медиуми.
На 27 март во Париз се одржа состанок на „коалицијата на подготвените“, а главна тема на состанокот беше продолжувањето на помошта за Украина и дискусијата за структурата на идните безбедносни гаранции за Украина по завршувањето на војната.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци