Македонија
4. August 2024 - 16:39

Со два хеликоптери се гасат пожарите во охридските села

Пожарот во охридско се гаси од воздух.

Рано утрово два хеликоптери се вклучија во гаснењето на огнот кој  четврти ден беснее во шумите над селата Опеница, Косел, Вапила,  Куратица и Расино.Се  црпи вода од Охридското Езеро и се  испушта на критичните места кои се во тешко пристапни предели но според надлежните нема опасност од проширување кон населените места.Дополнително се дејствува и од земја и механизација кои прават земјени појаси .

Од месната заедница од Куратица пак велат дека веќе 9 ти ден гори и критично е и на Плаќенска планина.

Чадот од пожарите деновиве   силно се чувствува и во Охрид,  а мерната станица за амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажува загадување повеќе од двојно од дозволеното.