Со часови гори градската депонија во Дебар, градот во запоседнат од чад и смрдеа
Од синоќа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат по целиот град.
Во гаснењето се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ со сопствена механизација.
-Пожарот е забележан еден час пред полноќ. Зафатена е поголема површина. Наши две екипи со возила се вклучени во гаснење на пожарот, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.
Ова не е првпат депонијата да гори. Тоа се случи неодамна, кога причина, според одговорните во „Стандрад“ биле високите температури.
-Дали и овојпат причина се високите температури или во прашање е човеки фактор не знаеме. Екипа од Одделението за внатрешн работи беше на увид, нашите вработени и пожарникарите прават се истиот да се изгасне, изјави за МИА, Бурим Каба, директор на ЈКП„Стандрад“.
Граѓаните се крајно револтирани затоа што чадот и смрдеата го имаат „запоседнато“ градот.
-Не се дише. Низ градот не може да се помине а дома седиме со затворени прозорци. Причина, повеќе од сигирно е човечки фактор. Потпалена е во доцните вечерни часови, зашто да се случеше во текот на денот можеби ќе можеше да се каже дека е од високите температури, сметаат дебрани.
Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато“.
Од средината на минатата година на градската депонија поставени се безбедносни камери, оградена е со бетонска ограда, а на влезот е поставена рампа.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви