Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
Избришано е военото видео на Ахмети со сцени од 2001 кое масовно го споделуваше членството на ДУИ. На снимката се гледаше лидерот на партијата облечен во униформа на УЧК, а вели дека и никогаш не изгубил војна.
За ДУИ, снимката не е спорна. Го прикажувала животот на Ахмети. Негираат дека видеото е провокација. Сепак, доцна синоќа, исчезна од интернет просторот.
„Тоа е реалност, биографијата на нашиот лидер Али Ахмети. Тоа не може да се контестира“, изјави Рина Ајдари, ДУИ.
Опозициската СДСМ го повика Ахмети да излезе од националистичкиот филм. Намерните етнички провокации, велат се неприфатливи.
„Реториката за постојано подгревање на етничките тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и спотови со воени опреми се несоодветни провокации за кои дефинитивно нема место во нашето општество“, вели Богданка Кузевска, Портпарол на СДСМ.
Според МВР, ДУИ со видеото сака да ја дефокусира јавноста од постапките кои се водат против функционери од партијата..
„Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна во нашата Македонија“, изјави Панче
Видеото со Ахмети изминатите денови преку фејсбук масовно го споделуваа членови, функционери и ограноци на ДУИ.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар