Македонија
11. November 2024 - 8:15

Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Скопје се разбуди како осмиот најзагаден град во светот според концентрацијата на штетните ПМ2,5 и ПМ10 честички, покажуваат податоците на платформата AQI. 

Според индексот на загаденост, градот утрово се најде зад Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Каиро(Египет), со воздух во категоријата „нездрав“.

Во регионов освен Скопје,слично алармантни нивоа бележи и Сараево, кој го зазема шестото место на листата на најзагадени градови.