Македонија
5. January 2025 - 16:33

Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии

Младите во Македонија знаат што е корупција, но ретко се охрабруваат да пријават. Немањето доверба во институциите, но и стравот од можни репекрусии се главните причини за тоа. До вакви заклучоци дошле од  Македонско американската Алумни Асоцијација која реализираше серијал на панел дискусии во неколку градови од државата    на тема како младите да препознаат и пријават коруптивни случаи.

Универзитетскиот професор и поранешен заменик директор на Управата за финансиска полиција Берат Дехари смета дека недовербата во системот и високиот процент на корупција се едни од клучните фактори поради кои младите заминуваат од државата. Според него, мора да се најде начин тие повторно да добијат доверба во институциите, но и да се мотивираат да ги пријавуваат коруптивните случаи. Еден од предлозите на Дехари е да искористат новите  технологии кои ќе ги олеснат и направат поприфатливи постапките за пријавување на корупција, така што младите ќе можат да го сторат тоа побезбедно и со поголема доверба.

Македонско Амриканската Алумни Асоцијација со серијалот на вакви панел дискусии со младите се обидува да ја зголеми свеста за потребата од борба против корупцијата. Позитивен пример за  важноста на младите во  борбата против корупцијата се два  случаи во Струмица кои биле иницирани токму од млади лица и во кои е докажано постоење на коруптивни дејства.