Loading Video...
Свет
5. January 2025 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Украина ја продолжува контраофанзивата во рускиот регион Курск. Русија го добива она што  го заслужува  изјави украинскиот претседател.

Во битките вчера и денеска во близина на само едно село, Махнивка во областа Курск, руската армија загуби до баталјон севернокорејски пешадиски војници и руски Падобранци, генерално, сакам да ги пофалам професионалните и ефективни дејствија на нашите војници во силите за специјални операции и 80-тиот оддел на воздухопловството, изјваи Володимир Зеленски, претседатл на Украина.

Руското Министесртвото за одбрана пак известува за загуби во украинските редови. Тврди  дека 340 украински војници се убиени и дека се уништени четири украински тенкови. Украинските војници презедоа дел од руската област Курск во ненадеен напад на почетокот на август. Оттогаш, околу половина од земјата освоена во почетната офанзива е повторно  под руска контрола  , но Киев сè уште го држат  градот  Суџа и околу 500 квадратни километри руска територија.

Снег и ниски температури  во Велика Британија. Обилните  снежни врнежи  во Англија и  Велс предизвикаа проблеми  во воздушниот, патниот и железничкиот сообраќај.   Многу возила се заглавени во снегот на патишштата а некои возови не собраќаат.. Аердромите во Манчестер и Ливерпул  ја прекинааа работата на неколку часа за да се исчисти натрупаниот снег од пистите. И во Гемранија проблеми во воздушниот сообракај   поради  снег и лед.   Откажани се повеќе од 100 летови  до и од   аеродромот  во  Франкуфрт  а  на  аеродромот  во Минхен се откажани 35 летови.

Снежна бура во делови на САД.  Над 60 милиони луѓе се  изложени на ризик од  бурата што покрај  обилните снежни врнежи, носи и замрзнат дожд и виулици.   . За некои , ова може да биде  најтешката снежна бура  во повеке од една деценија  предупреди  Националната метеоролошка служба. Гувернерите на Кентаки и Вирџинија  веќе прогласија вонредна состојба. Апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да се подготват за екстремни временски услови.

На 88 годишина возраст утроов почина поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАсок Костас Симитис. Симитис, според грчките медиуми, немал здравствени проблеми, синоќа пристигнал во неговата викендичка на Пелопонез, додека пак рано утрово во бесвесна состојба со возило на брза помош бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт. Симитис беше премиер  од 1996 до 2004 година, отслужувајќи два мандати а меѓу најважните успеси е членството на Грција во еврозоната. Тој воедно беше и првиот грчки премиер кој во 2000 година  го посети Скопје за   Конференцијата на балакските земји и се сретна со тогашниот макеоднскиот премиер Љубчо Георгиевски.