-->
-->
Сити плаќа 35 милиони за Варди
-->
Манчестер Сити ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го договори трансферот на најдобриот стрелец во Премиерлигата, Џејми Варди. За напаѓачот на Лестер, челниците на Сити се подготвени да издвојат сума од 35 милиони евра.
Варди ја предводи листата на најдобри стрелци во Премиерлигата со 15 голови и заедно со Ријад Марез е најселужем што Лестер е лидер во првенството. Планот на Сити е со евентуалниот трансфер на Варди да ги засили своите редови, а во исто време да го ослабне Лестер.
Инаку, како што пренесуваат англиските медиуми, менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, кој изјави дека Варди не е на продажба, веќе имал алтернатива доколку раководстовото на клубот сепак се реши да го продаде својот најдобар стрелец.
Во Лестер, како замена за Варди треба да пристигне 19-годишниот напаѓач на Бирмингем, Демарио Греј.
Лестер Сити е лидер во Премиерлигата со 38 бодови, Арсенал е втор со 36, а Сити е трет со 35 бодови. Лестер и Сити, во вторник, ќе го одиграат дербито во рамките на 19.коло во Премиерлигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат