Македонија
10. February 2025 - 16:36

Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?

Наместо организиран такси превоз како досега, државата им дава пари на дијализа да одат со градски автобус. Веќе три месеци, четириесетина бубрежно болни кои трипати неделно седат на машините за прочистување на крвта во ГОБ 8- септември, реагираат дека се снаоѓаат како знаат и умеат. Како што кажаа и од здружението Нефрон, болницата не го продолжила договорот со такси компанијата а пациентите по дијализата мора да мислат и како да се вратат дома. Им рефундираат пари за автобуски билет. 

- Еднаш стекнато право кога ќе се укине, пациентите реагираат. Навистина ова е проблем за лица со влошена здравствена состојба кои не можат да користат автобус. Тоа е дополнитерлен трошок бидејќи се ангажираат членови на фамилијата да ги превезуваат, вели Душко Ѓоргиев, претседател на здружение “Нефрон. “

Со новонастаната состојба, од Нефрон велат дека неколку пациенти се префрлиле од 8-ми септември во други центри каде им е обезбедено превезување од дома до дијализно место и назад. Министерот за здравство не беше запознаен со проблемот и кажа дека дополнително ќе провери за што станува збор. 

Болницата 8-ми септември имала договор со такси компанија за организиран превоз кој истекол на 25 октомври минатата година и не е продолжен.