Македонија
10. February 2025 - 12:22
Нова компресорска станица на скопските клиники
Клиничкиот центар во Скопје од денеска има нова компресорска станица која ќе ги снабдува со компримиран воздух операционите сали.
Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба.
За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години.
Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.
-->
-->