Македонија
10. February 2025 - 12:20

Во ера на дигитализација младите не спортуваат

Во ера на дигитализација младите не се физички активни. Тие своето слободно време претежно го поминуваат во активности како гледање телевизија, играње на компјутер или мобилен телефон, покажуваат истражувањата. Во услови кога има спортски клубови на секој чекор и за речиси секој спорт, а резултатите се поразителни, спортските работници преку изработка на наставни програми и нови концепции се обидиваат да ги мотивираат младите да спортуваат.

Охрид како град има капацитет, ресурси и погодна клима за развој на спортски туризам.

Добрите познавачи велат дека од оваа година има и министерство  за спорт кое треба да даде простор на професионалните спортисти но и мотивација плус и за учениците во основните и средните училишта бидејќи спортот е примарен дел за здрава младина.