Свет
31. October 2023 - 10:16

Сирените за воздушна опасност се огласија во израелското летувалиште Ејлат

Сирени за тревога денеска се огласија во израелското летувалиште Ејлат на Црвеното Море и околината, а медиумите објавија дека беспилотно летало било регистрирано во израелскиот воздушен простор.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот. Според медиумите проектилот, кој најверојатно бил истрелан од Јемен, бил пресретнат над Црвеното Море пред да полета за Еилат.

Жителите на градот, каде многу раселени Израелци се засолниле откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври и разменија оган со либанскиот Хезболах на север, изјавија дека слушнале експлозии.