Синот на Михаел Шумахер прв пат проговори за својот татко
Синот на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, Мик (18) се обрати на јавност по четири години откако неговиот татко ја доживеа стравична несреќа на скијање.
Мик Шумахер за само неколку дена ја започнува сезоната во Формула 3, а пред почетокот проговори за својот татко Михаел по тешката несреќа во Марибел.
- Мојот татко е мој идол. Тој е најдобар, мој пример, рекол синот на седумкратниот светски шампион и на тој начин за прв пат во јавноста проговори за својот славен татко.
- Сакам да бидам светски шампион во Формула 1 еден ден. Тоа дефинитивно е моја цел. Тоа е нешто што секој возач го сака - рекол Мик на кого многумина му предвидуваат блескава кариера.
- Уште е млад и има уште многу да учи. Но доколку има половина од талентот на најдобриот возач во историјата на Формула 1, тогаш не треба да се грижи. Тоа е половина од патот кој води до крајната цел - велат за младиот наследник на Михаел Шумахер.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал