Македонија
1. September 2016 - 12:00

Силно невреме во западна Македонија и во гевгелиско

Во моментов изразена нестабилност проследена со грмежи и врнежи југозападно од Битола и по правец на движење треба да го зафати јужниот дел на Пелагонија, а нестабилност има и во гевгелиско, јави УХМР.

Според метеоролозите денеска облачноста постепено ќе се зголемува и околу пладне и попладне места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе ќе има услови за појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град. Кон крајот на денот времето постепено ќе се стабилизира.
 
Во Скопје околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степени. УВ= 6. Метеоролошки параметри за Скопје: T= 30 °C, P= 983 hPa, U= 48 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност).