Сијарто: Европската безбедност почнува во Африка
За да се отстранат причините за миграцијата, треба да се вложат напори да се стабилизира политичката и економската состојба во Африка, изјави денеска во Брисел унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Коментирајќи го претстојниот самит на Европската унија и Африка, што ќе биде одржан кон крајот на месецот, Сијарто, наведе дека Унгарија го поддржува насочувањето на економската и инвестициската политика на Унијата кон афиканските земји.
- Европската безбедност почнува во Африка, нагласи унгарскиот министер за надворешни работи.
Тој истакна дека „на патот кон Европа се движат десетици милиони лица“ од Африка, опишувајќи ги како „очајни маси кои сакаат побезбеден и подобар живот“.
- Кога станува збор за програмите на ЕУ за Африка, од клучно значење е да се воведат строги задолжителни услови поврзани со финансирањето, констатираше Сијарто.
Тој објасни дека безбедносните ризици константно се зголемуваат во земјите каде пристигнуваат мигрантите.
- Ние не сакаме да станеме земји на мигранти, сакаме да се заштитиме и ќе се заштитиме, потенцираше Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија заклучи дека од европските земји се очекува тие да се прилагодат на мигрантите кои пристигнуваат во Европа, наместо да е обратно, оквалификувајќи го тоа како „тажната состојба на работите“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна