Шведска олеснува влез за патници од Данска и Норвешка
Шведската влада соопшти дека ќе ја укине општата забрана за влез на патници од соседните Данска и Норвешка, што беше воведена за спречување на ширењето на варијантата на британскиот коронавирус.
Забраната, во сила од јануари, ќе биде укината од 31 март, се вели во соопштението.
Од патниците кои пристигнуваат од Данска и Норвешка сепак ќе треба да покажат негативен тест за коронавирус не постар од 48 часа за да влезат во државата, изјави на прес-конференција Микаел Дамберг, министер за внатрешни работи.
Условот за тестирање беше продолжен и за граѓаните од земјите членки на ЕУ, членки на Европскиот економски простор (ЕЕА) и Швајцарија до крајот на мај.
Сепак, постојат некои исклучоци, вклучително и од итни семејни причини и за вработените во транспортниот сектор.
Луѓето кои редовно патуваат преку границите за работа, исто така ќе им биде дозволен влез со тест стар до една недела. Слично правило е да се примени од април за студентите кои патуваат преку границите.
Шведска, земја со 10,3 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрираше над 750.000 случаи на заразени со Ковид-19 и над 13.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата