Шилегов: Разработен план за сообраќајно решение за Водно
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска информира дека е разработен план за сообраќајно решение за Водно. Имплементацијата ќе биде за викендот, по 15 овој месец, во зависност од преземањето на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
- Начелно ќе има два пункта од кои ќе поаѓаат посебни градски линии. Едниот е кај паркингот кај „Нова Македонија“, а другиот е кај катната гаража спроти „Макпетрол“. Поминувањето на автомобилите би се затворило кај новиот пат за Сопиште, кој е пробиен. Граѓаните ќе можат и да ги паркираат своите автомобили на безбедно место и да ги користат услугите кои ги дава ЈСП „Скопје“, како би можеле да стасаат до Водно, рече Шилегов.
Тој најави дека во претстојниот период ќе дојде до целосна реорганизација на паркирањето, во рамки на потенцијалот и инфраструктурата која постои.
- Тоа ќе опфаќа и постепено, заради недостаток на инфраструктура, ослободување на тротоарите за паркирање на автомобилите во централното градско подрачје, како и целосна регулација на режим каде може и каде не може да се паркираат возилата. Со тек на време ќе го воведеме и резиденцијалното паркирање за луѓето кои живеат таму, како единствен начин на паркирање во определени зони од градо, рече Шилегов.
На новинарско прашање за загадувањето на воздухот, Шилегов рече граѓаните да бидат трпеливи бидејќи само осум работни дена е на функцијата градоначалник. Најави дека по 15 овој месец ќе биде промовиран целосниот план за она што може да се преземе во текот на оваа сезона. Ќе има голема акција за чистење на Скопје пред да почнат мразовите со цел да се исчисти градот, а од пролет ќе има акции за раззеленување на градот. Една од мерките за која размислуваат е скалесто покачувањето на паркирањето во центарот на Скопје за оваа зима, наспроти намалувањео на цената на јавниот билет.
Шилегов информира дека на денот на преземање на функцијата на тековната сметка на Градот имало околу 850 милиони денари, а со 15.10.2017 година, како што рече, беа склучени договори и преземени обврски во висина од две милијарди и 850 милиони денари. Додаде дека тоа во моментов го анализира градската администрација.
Тој информира дека Град Скопје заедно со пожарникарската единица околу 650 вработени, а на некои критични места, како што рече, има неквалификуван кадар или немаме вработено кадри, како што е комуналната инспекција. Додаде дека в среда имаат состанок со МЖСПП и скопските општини со цел да се дадат ингеренции на што е можно повеќе луѓе во функција на инспектори за да се спречи формирање на диви депонии.
Според Шилегов, ќе има сериозна потреба за интервенција во системот на вадење на билетите.
- Тоа е нешто што ќе го воспоставиме по именувањето на новите директори на јавните претпријатија. Очекувам дека тоа ќе се случи во блиска иднина и целокупниот режим на јавниот градски превоз, и цената и поразличен вид на услуги, кои може тоа јавно претпријатие да ги пружи на граѓаните, ќе бидат имплементирани многу бргу, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје