Шекеринска: Екологијата не е загрозена со армискиот полигон Криволак
Екологијата не е загрозена со армискиот полигон Криволак, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали ќе се доведеме во некаква опасност со поголемото користење на овој воен полигон.
– Оваа дискусија ја водевме и минатата година и не сакавме да остане на зборови, туку сакавме да зборуваме со факти и со податоци. Затоа минатата година, првпат во историјата на нашата Армија, имавме постојано следење на сите параметри за животна средина во текот на една вежба. И врз база на таа соработка со академската заедница во нашата држава, покажавме дека вежба од тој калибар, од таа големина како минатата година, не предизвика никакви негативни влијанија, заради тоа што ги преземавме сите мерки за заштита. Тоа сум сигурна дека ќе стане стандард, дека практично во секоја голема вежба ќе имаме и следење на сите параметри за животна средина, нагласи вицепремиерката.
Граѓаните, додаде таа, може да сметаат на тоа дека армијата ги штити од опасност, ги штити при епидемии, ги штити при кризи, ,,додека не ги загрозува преку животната средина и бројките тоа го покажаа”.
-Се покажа дека, за жал, некои луѓе, некои структури сакаат да злоупотребат лажни вести дури и по вакви стратешки прашања. Стварно мислам дека стратешко прашање е нашето членство во НАТО, но и заштитата на животната средина. Таа лага не помина и ние со факти и со соработка со нашите универзитети ќе ја демантираме, децидна беше министерката.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата