Македонија
10. May 2024 - 16:51

ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција

Составот на новата влада е предмет на преговори на партиите кои добиле мандат – интегративците во Мала Речица се уште очекуваат разговори со ВМРО ДПМНЕ за кроење на новата влада.. Техничкиот премиер Џафери на истекот од 100-те дена мандат одби да одговори дали ДУИ е подготвена за опозиција, откако Мицкоски јасно порача дека за нив нема да има место во новиот владин состав.

Бојкотот за претседателските избори не бил организиран од ДУИ тврди Џафери. Оставиле граѓаните сами да одлучат. Но, на заминување од Илинденска, Џафери сепак жестоко го брани сопартиецот Артан Груби кој со видео јасно кажа дека ги бојкотира изборите.

Техничката влада беше изгласана на 28 јануари, со цел да организира фер и демократски двојни избори. Иако мандатот истече со крајот на изборите, овој состав останува на функција до изборот на новата влада. Според роковите во Уставот, Владата би требало да биде предложена најдоцна до крајот на јуни.