Сенатот на САД изгласа нов пакет мерки за помош на Американците во време на пандемија
Американскиот Сенат синоќа ги изгласа мерките за помош на економијата на САД погодена од Ковид-19, во висина од 1,9 трилиони долари, предложени од претседателот Џо Бајден.
Демократите, кои се мнозинство во Сенатот, по неколкудневни дискусии конечно усогласија делумно видоизменет пакет мерки што вклучува помал, но критичен слој на граѓани кои ќе ги примаат исплатите од по 1.400 долари за човек, како и намалени неделни исплати од 300 долари за пријавените невработени лица.
Резултатот од гласањето ја покажа острата партиска поделеност во однос на законот – „за“ гласаа сите 50 демократи, додека „против“ беа сите 49 присутни републиканци. Сенаторот Ден Суливан од Алјаска, беше отсутен поради смртен случај во семејството.
Мерките сега треба да бидат изгласани во Претставничкиот дом, кој што се очекува да ги прифати измените договорени во Сенатот најдоцна до 14 март, кога истекува рокот за некои од бенефициите, како исплатите за невработеност, од претходната мерка донесена во декември.
Овој пакет мерки, после првите два донесени минатата година во април-март и во декемри, може да биде последен голем закон во одговор на пандемијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест