-->
-->
Сенатот на САД го одобри новиот секретар за национална бебзедност
-->
Американскиот Сенат синоќа го одобри именувањето на Кирстјен Нилсен за нова секретарка за национална безбедност на САД.
Американскиот претседателот Доналд Трамп ја номинираше Нилсен на местото на генералот Џон Кели, кој беше именуван за шеф на неговиот кабинет.
Нилсен беше блиска соработничка на Кели во Министерството за национална безбедност.
Таа е втора жена на чело на Министерството за национална безбедност на САД, по Џенет Наполитано. која ја извршуваше оваа функција од 2009 до 2013 година.
Министерството беше создадено како одговор на терористичките напади на 11 септември 2001 година и негова цел е да се справува со заканите врз безбедноста на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството