Седум лица повредени во 11 сообраќајки вчера во Скопје
На подрачјето на Град Скопје изминатиот ден се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои шест се со последици материјална штета, пет се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лице.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатите пет дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци.
Двајца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, а тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите. Шест возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се 40 непрописно паркирани возила. Седум лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, а 10 возачи го управувале возилото по истекот на сообраќајната дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 63 возила.
Во делот на превентивните активности, денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Страшо Пинџур“ и со ученици од второ и четврто одделение од ОУ „Димитар Поп Беровски “, општина Ѓ.Петров.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун: Северна Кореја го засилува бродоградбениот сектор
-
Папата Франциск одржа миса за 35.000 верници во Папуа Нова Гвинеја
-
Венецуелскиот опозициски лидер ја напушти земјата и побара азил во Шпанија
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк