Свет
6. April 2018 - 10:23

Парк Геун-хе е осудена на 24 години затвор

Поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е осудена на 24 години затвор поради злоупотреба на власт, корупција, принуда, примање поткуп и оддавање државни тајни.

Против Парк беа покренати вкупно 18 обвиненија, а обвинета е за 16 од нив.

Претходно јужнокорејски судија соопшти дека поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е виновна за злоупотреба на службена положба и принуда.

Случајот против Парк се одвива во централниот окружен суд во Сеул, а обвинителите побараа казна од 30 години затвор.

Парк Геун-хе беше уапсена во март 2017 година и од тогаш се наоѓа во притвор во близина на Сеул. Таа беше отстранета од власт на почетокот од минатата година, по неколкумесечни масовни протести против неа, во кои учествуваа милиони луѓе.