Сè уште гори и чади запалената депонија кај тетовска Волковија
Сè уште се гаси и чади запалениот складиран смет на депонијата во близина на тетовска Волковија. Чадот и миризбата се шират низ целата полошка котлина, до Тетово и Гостивар, како и селата помеѓу двата града.
Командирот на Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, Авни Амети информира дека и во текот на денешниот ден ќе се продолжи со работа односно гаснење на пожарот и негово целосно ликвидирање.
- Има иста ситуација, ТППЕ интервенира на депонијата што се запали вчера. Во текот на вчерашниот ден имавме и некои други интервенции на иста локација, Општина Брвеница. Досега сме фрлиме вода донесена од 40 камиони кои имаат капацитет да носат десет тони вода и пак има оган, информира Авни Амети.
Според него, ситуацијата е алармантна и треба да има помош од државните институции.
- На ТППЕ и треба помош од сите институции да излезат во пресрет поради ситуацијата. Треба да ги смириме граѓаните зошто често се јавуваат за загадување на воздухот. Имаат право. Чекаме да се вклучат сите институции да ја завршиме депонијата. Вчера контактиравме со експерт кој посочи дека овој смет мора да се стави во голема дупка и да се затрупа со земја. Таму на локацијата е почнато да се копа. Се надевам дека денес ќе се смири чадот, истакнува командирот.
Депонијата се запали во вторникот еден час по полноќ.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан