Македонија
31. July 2022 - 12:45

Се точело алкохол на малолетници во угостителски објект во Струмица

На 31.07.2022 на подрачјето на СВР Струмица полициски службеници извршиле контрола во угостителски објекти, при што во еден од нив е констатирано присуство на малолетници после полноќ, како и кривично дело „точење алкохолни пијалаци на малолетници", казниво по член 204 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Против прекршителите, правното, одговорното и вработеното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.