Спорт плус
22. March 2020 - 13:06

Се поголем број на спортисти бараат откажување на ЛОИ во Токио

Во ситуација кога не од далеку не се надзира крајот на пандемијата со Коронавирусот, се погласни се барањата на спортистите ширум светот за откажување на ЛОИ во Токио.
 
Пет дена Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), најави дека засега не размислува за одложување на најголениот светски спортски настан што треба да се одржи летово во Токио, и дека ИОК заедно со организаторите ќе продолжат во насока на подготовки според предвидената динамика. 
 
Сепак, по ваквата одлука се поголем е бројот на Националните олимписки комитети, федерации, па и поединечно спортисти кои јавно побараа од првите луѓе на светското олимписко движење Олимпијадата во Токио да биде одложена. 
 
Откако прв се огласни Норвешкиот, а по него и словенскиот и бразилскиот олимписки комитет, тоа го сторија и американските пливачи и атлетичари, преку своите национални федерации. 
 
– На никој во интерес не му е да праќа спортисти. Животите на спортистите се свртеа, па мислиме дека здравјето на секој спортист е на прво место и мора да бидеме одговорни за тоа. Сфатете дека пандемијата направи многу проблеми во подготовката на спортистите, истакнуваат од двете американски федерации од кои впрочем доаѓаат и најголемиот број на спортисти кои се во самиот врв, односно се најчесни освојувачи на медалите. 
 
И поранешниот олимписки шампион Мајкл Џонсон истакнува дека атлетичарите би си го ризикувале животот тренирајќи и подготвувајќи се за настап во Токио, па според него ИОК мора да реагира. 
 
Над 40% е и бројот на спортисти кои сеуште немаат обезбедено норма, поради откажувањето на квалификациските натпреварувања во сите спортови. Тоа како и немањето услови за подготовки секако е една од клучните причини поради кои спортистите бараат одложување на игрите, но првенствено, неможноста да конкретна проценка кога ќе се создадат услови, односно кога ќе заврши пандемијата. 
 
Од друга страна, Претседателот на ИОК, Томас Бах, во ново интервју  за германски медиум вели дека пролонгирање на Игрите ќе биде уништување на сон на 11 илјади спортисти. 
 
„Ќе уништиме сон на 11 илјади спортисти од 206 земји ако ја одложиме Олимпјадата. Тоа би било најнефер решение. Немојте да споредувате одложување на масивен проект како што се Летни олимписки игри со фудбалски натпревар што на пример треба да се игра во сабота навечер. Не е исто“, изјави Бах.
 
Поддршка за ИОК дојде од ОК на Австралија, односно Иан Честерман, кој истакна дека тие сè уште ја поддржуваат идејата за оддржување на игрите според планираното.
 
„Од суштинско значење за сите е процесот на подготовките на игрите е да продолжи. И самите спортисти беа многу силни во континуираната желба да тренираат и да се подготват за Игрите “, вели Честерман. 
 
Олимписките игри во Токио се предвидени во периодот од 24 јули до 9 август летово, но дури и 70% од Јапонците сметаат дека игрите ќе бидат откажани.