Спорт плус
13. July 2023 - 12:25

Почнува Балканското првенство во одбојка на песок во Штип

Штип викендот ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок. Оваа манифестација традиционално се одржува секоја година, а годинава организацијата им е доделена на Македонија. Во моментот забрзано се одвива подготовката на теренот во спортско рекреативниот центар „Џексон“.

- Досега имаме пријавено околу 40-тина учесници од 5 балкански држави. Ќе ни дојдат одбојкари во машка и женска конкуренција, од Србија, Романија, Косово, Македонија и Турција, изјави Никола Мицевски, организатор и одбојкарски судија.

Свеченото отворање е закажано за во петок навечер, со почеток во 20 часот.

- Финалните натпревари се очекува да бидат во недела на 16-ти, во 16.00 и 19.00 часот.  Ги поканувам сите љубители на одбојката на песок, да дојдат во спортскиот центар „Џексон“, ќе има возбудливи натпревари на кои ќе бидеме сведоци сите ние, додаде Мицевски.

Организатор на Балканското првенство е Македонската одбојкарска федерација во соработка со општина Штип.