Loading Video...
Спорт плус
29. August 2023 - 19:55

Празник на одбојката во Скопје, утре стартува 33. ЕП

Во Скопје следуваат денови на европската одбојка, стартува 33. ЕП на кое Македонија е кодомаќин и посакува да се претстави во најдобро светло истакнаа на денешната прес конференција селекторот Јошко Миленковски и капитенот Никола Ѓорѓиев. 

Прв противник на нашата репрезентација утревечер е селекцијата на Данска а веднаш потоа во четврток Црна Гора. 
Потребни се победи на овие дуели за да Македонија се пласира во следната фаза. 
Во групата се уште и селекциите на Полска, Холандија и Чешка. 
Четири селекции од групата патуваат во следната рунда. 
Дуелот со Данска се игра во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20ч.