Loading Video...
Спорт плус
20. September 2023 - 19:51

СП Сениори: Две победи на македонските селекции

Во првото коло на Светското екипно шаховско првенство за ветерани, категоријата ЕС-50 (постари од 50 години), Македонија Алкалоид постигна рекордна победа од 4:0 против 5 Brothers (USA).Сложните браќа Џунџунувала сложно ги предадоа партиите против  Недев, Богдановски, Станојоски, Кутиров во петтиот час од игра. 

Вистинска мала сензација во првото коло приреди Македонија во категоријата ЕС-65 победувајќи ја петторангираната селекција на Италија со 2,5: 1,5. Победи забележаа Кралевски и Стошевски. 

Денеска во рамките на второто коло нашите селекции играат против Словачка и Австрија.