СДСМ: За пет отсто повисоки плати за здравствените работници од јануари, инвестиции и во нова современа опрема
Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестирање во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.
Здравствените работници ќе добиваат за пет отсто повисоки плати веќе од овој месец.
Со СДСМ за овие четири години основната плата на лекарите специјалисти се зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25 отсто, на здравствените соработници за 15 отсто.
Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.
Покрај инвестициите во човечкиот капитал, се инвестира и во опремување и реновирање на здравствените установи.
Охридскиот регион добива апарат за магнетна резонанца кој е поставен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Апарат за магнетна резонанца е поставен и во Струмица, како и во Институтот за радиологија во Скопје, а Општата болница во Кичево доби апарат за компјутерска томографија.
Од Клиниката за ортопедија во Скопје целосно се реновирани 1.300 квадратни метри и опремен е Ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, како и одделот за нефрологија на Клиника за детски болести.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализирање на проекти и мерки кои значат грижа за здравствените работници и подобрување на квалитетот на услугите за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација